Достапни линкови

По вчерашните интензивни преговори на државниот врв нема официјално соопштение


По вчерашните средби на американската амбасадорка Џилиен Милованович со лидерите на ДПА и ДУИ, Мендух Тачи и Али Ахмети денеска продолжуваат дипломатските активности. Целта е да се повикаат сите претставници на политичките партии на конструктивност пред претстојниот самит на НАТО во Букурешт.Денеска на средба со амбасадорката Милованович лидерката на СДСДМ Радмила Шекеринска. Претставниците на партиите пак сметаат дека треба да се дискутира за прашањето за името и државниот врв да ги информира за ставот на лидерска средба:

„Мислиме и на официјалниот став на нашите преставници во преговори. Ние ја знаеме понудата од Нимиц, но секако дека треба да се изгради тој став, а доколку има промена во ставот секако дека тоа треба добро да се анализира. Нашите преговарачи, според нашите информации стојат на ставот што беше изграден порано.“

Вели Рафиз Алити од ДУИ. Со речиси ист став и во СДСМ.
Засега без информација за тоа дали и кога би имало лидерска средба на која би бил презентиран ставот на државниот врв, бидејки како што велат оттаму во тек се консултации. По вчерашната средба на премиерот Никола Груевски со претседателот Бранко Црвенковски немаше официјални информации. Само преговарачот Никола Димитров укажа дека ги информирал за последните разговори во Виена со медијаторот Метју Нимиц. Тој додаде и дека се наогаме во деликатен контекст, каде што од една странна мора да го заштитиме идентитетот и името, а од друга мора да направиме се Македонија да добие покана за членство на претсојниот самитна алијанасата. Според Димитров линијата на тоа што е разумно и дефиницијата на националните интереси треба да ги направата релевантните политички чинители во земјава. Во рамки на активностите за утре најавена е средба во Брисел мегу шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Антонио Милошоски и Дора Бакојани под покровителство на високи американски претставници.
XS
SM
MD
LG