Достапни линкови

Вашингтон: Пет години од војната во Ирак


Петгодишнината од војната во Ирак денеска ќе биде одбележана во Вашингтон со говор на американскиот претседател Џорџ Буш. Тој, како што се наведува во говорот чии делови веќе објави Белата куќа, оценува дека успехот во Ирак е неоспорен и оти повлекувањето на американската војска од таму ќе ги охрабри Иран и Ал Каида да дојдат до оружје за масовно уништување. Инвазијата врз Ирак почна на дваесетти март две илјади и третата година. Во неа загинаа скоро четири илјади американски војници.
XS
SM
MD
LG