Достапни линкови

Талин: Претседателите на Естонија и Полска сакаат покана за трите земји од Јадранската група


Претседателите на Естонија и на Полска Томас Хендрик Илвес и Лех Качински изјавија дека сакаат Македонија, Хрватска и Албанија да бидат поканети за членки на НАТО на наредниот самит на Алијансата во Букурешт. ,,Имајќи предвид дека Македонија, Хрватска и Албанија ги продолжуваат неопходните реформи, ние сметаме дека сите три би требало да бидат поканети на НАТО самитот во Букурешт,, се наведува во заедничката изјава на двајцата претседатели по нивните разговори во Талин.
XS
SM
MD
LG