Достапни линкови

Потребни се инвестиции во извозно производство, во спротивно економската ситуација ќе се влошува


Во немањето на конкурентни производи за извоз економските експерти ја гледаат главната причина за рекордно високиот трговски дефицит годинава. Малиот извоз за сметка на големиот увоз е резултат и на малата понуда на домашно производство посочува проф. Душан Вељкович

„Македонија нема конкурентни извозни производи во многу обласи, особено кај индустриските производи со повисок степен на обработка, Македонија нема производство дури и за остварување на домашните потреби.“

Ваквата сосотојба е резултат неостварената стратегија за извозно ориентитрано стопанство, посочува економскиот аналитичар Џевдет Хајредини.

„Немаме странски инвестиции, кои би биле тие што би биле ориентирани за извоз, а тие не доаѓаат затоа што Македонија како пазар е многу ограничена.“

Од друга страна Македонија е енергетски зависна од узвозот. Поради недостигот дома, таа мора да увезува енергенси онбјаснуваат економистите. Доколку ваквиот тренд на зголемување на трговскиот дефицит продолжи, тоа ќе значи вложување на економската слика во земјава, предупредува Хајредини.

„Трговскиот дефицит е еден од индикаторите за крајно лошите резултати на стопанството, може само да се влошува инфлацијата.“

Постојат неколку начини на кои може да се решат овие проблеми, посочува Велкович. Еден од нив вели тој е интервенција на државните органи врз увозот на луксузните стоки.

„Прво, да се зголеми производството и тоа пред се производството за извоз. Значи, нови инвестиции, технолошка обнова, нова структура на производство. Еве на пример, американските компании кои влегуваат во Македонија сега кога ќе почне да произведуваат висока технологија тоа ќе бидат извонозно конкурентни производи и ќе може да се пласираат.“

Според последните статистички податоци, надворешно трегговскиот дефицит во јануари во однос на јануари минатаа година е за 45 проценти повисок. Трговската размена по производи показува дека во извозот најголемо е учеството на прозиводите од железо и челик, облека и тутун, вино. Во узвозот најмногу е застапена суровата нафта и електричната енергија.
XS
SM
MD
LG