Достапни линкови

logo-print

Партиите најавуваат конструктивност по прашањето за името


Целосна конструктивност за решавање на прашањето околу спорот со името за исполнување на главната цел на државата - влезот во НАТО, најавуваат во политичките партии по последните предлози понудени од медијаторот Метју Нимиц на преговорите во Виена кои ги содржат термините Горна Република Македонија, Нова Република Македонија и Република Македонија во заграда Скопје, што воедно се главна тема на денешните поединечни средби на премиерот Никола Груевски со лидерите на најголемите политичките партии СДСМ, ДУИ и ДПА. Пред и официјално да бидат известени за предлозите во СДСМ без коментар, но оттаму потенцираат:

„Загрижува зошто се определува за поединечни средби, а не го прави тоа на лидерски средби. Премиерот прво, или информациите од Владата беа дека нема нов предлог, а гледаме преку медиумите дека нешто се случува и дека г-динот Нимиц ги повика владите да разговараат, а нашата влада во рудиментиран состав нема ни мандат тоа да го направи.“

Истакнува потретседателот на СДСМ Јани Макрадули. Во ДПА денеска одбиваат да коментираат, но претходно тие најавуваа конструктивност. Соработка најавува и ДУИ:

„Секако да ја подржиме владата и претседателот на Републиката и мислиме дека интерес за Македонија секако е добивањето на покана за НАТО.“

Вели потпретседателот на оваа партија Рафиз Алити. По последната рунда преговори во Виена, владини претставници информираа дека ниту еден од трите предлози предложени од Нимиц не претставуваат разумен предлог за изнаоѓање решение бидејќи во изминатите 15 години секој од овие предлози барем по еднаш бил одбиван од двете страни. Наспроти ставот на владата, претседателот Бранко Црвенковски вчера од Словенија повтори дека дополнителни придавки или додавки во името кои што нема да задираат во националниот идентитет, можат да бидат решение за спорот. Експертската јавност околу прифатливоста или не, и за значењето на новите три предлози со толкување:

„Горна Македонија“ е едно историско име на овој простор. За време на Антиката кога Античката тогашна држава, на чело со Филип, Александар, опширната Македонија ја имаат поделено во административна смисла, на Горна и Долна Македонија. Предлогот пак, ,,Нова Република“ значи дека, нова е Републиката.“

објаснува професорот од Правниот факултет Владо Поповски кој додава:

„Мислам дека влезот во НАТО е покрупен интерес отколку не прифаќање на било што, затоа што има простор да се разговара и постигне компромис.“

Забележува професор Поповски.
XS
SM
MD
LG