Достапни линкови

logo-print

Скопје: Бугарска воена делегација во посета на Македонија


Бугарска воена делегација предводена од началникот на Генералштабот генерал Златан Стојков денеска ќе допатува во дводневна официјална посета на Република Македонија. На средбата со својот македонски колега Мирослав Стојановски ќе се разговара за развојот и проширувањето на билатералната воена соработка, како и за размената на искуства и мислења во насока на интензивирање и подобрување на регионалната безбедност. За време на посетата, генералот Стојков ќе биде примен и од министерот за одбрана Лазар Еленовски.
XS
SM
MD
LG