Достапни линкови

Атина: Штрајк на грчките синдикати


Грчките синдикати за денеска закажаа 24-часовен генерален штрајк, поради спорниот предлог-закон за промени во пензиското осигурување. И опозициските партии ја обвинуваат Владата за непочитување на волјата на народот и протестираат против отсуството на дијалог за тој проект, настојувајќи тој да биде повлечен или да се направат суштински корекции во него. Според опозицијата, дијалогот меѓу Владата и синдикатите е незначителен и дури формален.
XS
SM
MD
LG