Достапни линкови

logo-print

Приштина: Украински полицаец на УНМИК починал како последица на повредите во Косовска Митровица


Еден украински полицаец на УНМИК починал како последица на повредите за време на вчерашните нереди во Косовска Митровица, е соопштено денеска во Приштина. Според УНМИК и НАТО, српските демонстранти вчера корителе рачни бомби и автоматско оружје, при што биле повредени над 60 припадници на меѓународните сили и 70-тина демонстранти. Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун ги осуди насилствата и побара од властите во Белград да влијаат на смирување на ситуацијата. Рускиот амбасадор Виталиј Чуркин побара воздржаност од меѓународните сили и обновување на преговорите за статусот на Косово.
XS
SM
MD
LG