Достапни линкови

Студентите и компаниите во Македонија покажуваат се поголем интерес за пракса


Томислав Зогравски апсолвент на Електротехничкиот факултет во Скопје е еден од многуте студенти кој со помош на студентската организација Борд на европски студенти по технологија ја извршува практичната настава во една од поголемите компании во државава.
Тој посочува дека не е проблем да се најде фирма за извршување на пракса,туку проблем е да се најде квалитетна компанија каде студентите би можеле да ја извршуваат практичната настава.

„Компаниите не сакаат само студенти коишто ќе завршат факултет, туку сакаат да го знаат тоа што ќе го работат утре. За жал, на нашите факултети многу малку се учи практичен дел. Затоа, компаниите се трудат да привлечат студенти пред дипломирање за да ги насочат во насока што нив им треба.“

вели Зогравски и додава дека преку организацијата БЕСТ студентите имаат можност да заминат и во странство на пракса.

„БЕСТ има свој центар за поддршка на кариера којшто нуди пракси со можност за вработување подоцна во странство.“

Студентите и компаниите овој начин на реализација на практичната настава го остваруваат преку Саемот за вработубвање и кариера кој го организираат од БЕСТ. Претседателот на организацијата Васил Крстевски вели дека саемот се организира по четврти пат и дека интересот кај студентите и компаниите од година во година се зголемува:

„Преку овој саем студентите ќе може подобро да ги запознаат компаниите. На какви проекти ќе може студентите да работат за пракса. Интересот годинава е поголем, лани имавме 18, годинава 24 учесници.“

Од Компанииите кои учествувале во предходните години на саемот велат дека се задоволни од досегашното искуство со организацијата БЕСТ. Дарко Петровски раководител на одделот за човекови ресурси во ЕВН вели дека некои од практикантите кои биле во нивната компанија останале да работат.

„Сите студенти кога ќе го завршат факултетот, да влезат во самата фирма треба да се пролагодат на условите во компаниите и добар дел од практичната работа да ја осознаат и секако дури после некое време се целосно подтотвени за преземање на работните задачи.“

БЕСТ е интернационална студентска организација,на универзитетско ниво,којато постои во 30 земји. Кај нас ова организација успешно работи околу шест години.
XS
SM
MD
LG