Достапни линкови

Виена: Нема нов предлог за името, но Нимиц е поголем оптимист во однос на претходните средби


Медијаторот Метју Нимиц на вчерашната рунда македонско-грчки преговори за името во Виена не понуди нов предлог, но рече дека е поголем оптимист во однос на претходните средби. Нимиц по состанокот со преговарачите на двете земји, Никола Димитров и Адамантиос Василакис, најави нова средба следната недела во Њујорк. Дотогаш, двајцата преговарачи треба да извршат консултации со своите претпоставени во Скопје и во Атина.Посредникот на ОН потврди дека за прашањето за името контактира и со администрацијата во Вашингтон, посочувајќи оти секоја помош е добредојдена. Преговарачите Димитров и Василакис не дадоа изјави по средбата со Нимиц, што се одржа во канцелариите на специјалниот пратеник на ОН за Косово, Марти Ахтисари во центарот на Виена. Василакис пред вчерашната рунда преговори изкажа умерен оптимизам дека може да се дојде до решение пред Самитот на НАТО во Букурешт.
XS
SM
MD
LG