Достапни линкови

Во Владата велат дека работата ќе тече нормално, а Собранието ќе се координира со опозицијата


Министрите од ДПА се придржуваат на вчерашната одлука за целосно излегување од владата, а само дел од нив кои евентуално имаат некои технички обврски ќе ги сработат, се до официјалната потврда на одлуката од страна на партиските органи, ни изјави Илијаз Халими од ДПА, заменик министер за одбрана:

„Дали министрите на ДПА се на работните места. Дали вие сте на работното место?“

“Тоа зависи, ние нели само техничките работи треба да ги завршуваме. Ако има потреба одат, а ако нема потреба.“


Освен до своите министри, ДПА ги повика сите албанци да ги напуштат институциите раководени од премиерот Никола Груевски. Службениците од пониските ешалони во министерствата се на работа, но фукционерите од повисоките редови не се на работните места, вели за тоа каква е денеска ситуацијата во Министерството за финансии, портпаролот Мартин Мартиновски:

„Постои државен инспекторат и директорот кој е избран функционер од ДПА, претпоставувам тој не доаѓа на работа, но сите други се на работните места.“

Иако министрите од редовите на ДПА се одлучија на целосен бојкот на владата, односно да не учествуваат и во работата на малцинскта влада до самитот на НАТО, како што имено беше договорено на петочната лидерска средба, во владата и на став дека ново настанатата ситуација нема да влијае врз работата на владата:

„Владата ќе функционира одговорно, максимално одговорно согласно предизвиците и приоритетите кои ја очекуваат Македонија во наредниот период.“

Истакнува владиниот портпарол Ивица Боцевски кој додава дека преземањето на обврските на министерствата раководени од ДПА, може да се регулира со заклучок на влада. Боцевски уверува дека владата може да носи битни одлуки без разлика на отсуството на министрите албанци. Новонастанатата ситуација на само две недели пред самитот на НАТО, ја проблематизира и работата на Собранието. Парламентот може да функционира без учество на пратнеиците од ДПА, но за битни закони за кои е потребно мнозинство гласови ќе треба да постои договор меѓу владеачката ВМРО ДПМНЕ и опозицијата, посочува потпретседателот на собранието од редовите на НСДП Благој Зашов:

„Собранието работи врз база на број на пратениците кои што се во Собранието заради кворумот. Ситуацијата најверојатно ќе се балансира веројатно во разговори меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ за поддршка на некои закони кои што е неопходно да ги донесеме.“

Истакнува Зашов кој додава дека во оваа ситуација, сега се зависи од конструктивноста на опозицијата.
XS
SM
MD
LG