Достапни линкови

Експертите со поделени ставови околу тоа како ќе функционираат државните органи


Како ке функцинира владата сега по повикот на министрите на ДПА Албанците да ги бојкотираат институциите предводени од Груевски-екепртите со поделени ставови. Според професорот од правниот факуклет Саво Климовски во работата на државните органи нема да се почустваат никави промени и се ќе функцинира нормално

„Затоа што постојат заменици на раководните лица. Во таа смисла, тие автоматски ги преземаат функциите.“

И по овој најнов чекор на ДПА вели Климовски според уставот владата не е обрзана да покрене реконструкција бидејки за да дојде до такво нешто една третина од 23 минитсри треба да бидат во оставка

„Во тој случај сеуште не е исполнет цензусот од една третина за владата да покрене прашање на реконструкција. А, владата во оставка се наоѓа во други ситуации.“

За разлика од Климовски аналитичарот Алберт Муслиу вели дека по вајквиот повик на ДПА земјава е во политуичка криза, а работите може да се одвиваат на неколку начини. Можно вели Муслиу ДПА да отстапи од договорот постигнат на клидерскјата средба во птекјот и да поднесе интерпалција на владата која доколку ја поддржат и друите партии владата би била во оставка

„Втората можност е ДПА да ги повлече своите функционери, и физички да ги повлече, значи тие да не одат на работа, а тоа ќе значи дека ќе има последици и во работата на тие министерства, но да не побара доверба на владата.“

Инаку експертите објаснуваат дека според уставот минситрите мораат да одат на работа се додека нивните оставки не бодат изгласани во собранието.

Но, претсдателот на инстутот за интетнички студии Ризван Сулејмнаи вели дека и пред овој потег интитуциите не функцинрале нормално

„Во главно институциите се суспендирани затоа што таму политиката не се води, туку во Клубот на пратеници. Политиката ја водат четири лидери.“

ДПА нема легитемитет додава Сулејмани да ги повика сите Албанци на таков потег:

„Тие евентуално своите функционери може да ги повлече, ама сите Албанци тие немаат легитимитет. Во таа смисла тие се контроверзни, ние ќе работиме на НАТО, а ги повикуваме Албанците да излезат од институциите, две работи што не одат паралелно.“
XS
SM
MD
LG