Достапни линкови

Москва: Посета на американскиот државен секретар Рајс и секретарот за одбрана Гејтс


Американските секретари за надворешни работи и за одбрана Кондолиза Рајс и Роберт Гејтс денеска се во Москва на разговори за ракетната одбрана и анти тероризмот. Русија се противи на распоредување на одбранбениот штит во Полска и Чешка со образложение дека е тоа закана за нејзината безбедност. Вашингтон пак тврди дека штитот е наменет за заштита од земји како Иран.
XS
SM
MD
LG