Достапни линкови

Во акцијата за враќање на контролата врз судот десетици повредени


Големи немири во северниот дел на Косовска Митровица по утринската операцијата на Полицијата на Обединетите Нации за враќање на контролата врз Судот во градот. Во немирите има десетици повредени лица меѓу кои и припадници на НАТО и УНМИК.

Полицијата на УНМИК добила наредба да се повлече од северниот дел на Косовска Митровица поради судирите со косовските срби. Трупите на НАТО, како што се јавува, се нашле под оган од автоматско оружје. Вкупно во судирите во Косовска Митровица имало десетици повредени лица. За време на немирите во експолозија биле ранети тројца припадници на УНМИК и двајца војници на НАТО. Насобраните Срби изутрината го нападнаа конвојот на Обединетите Нации со кој беа транспортирани Србите, кои претходно беа приведени во операцијата за ослободување на судот во Косовска Митровица, јавија новинските агенции. Во нередите најмалку едно возило на УНМИК и еден камион на НАТО биле запалени. Полицијата на Обединетите Нации, како што се јавува, употребила солзавец за да растера околу илјада косовски Срби, кои беа собрани околу зградата на судот во Косовска Митровица. Портпарол на косовската полиција Бесим Хоти изјави

„Акцијата за ослободување на судот почна во 5,30 часот утринава и беше поддржана од оклопни возила.“

Косовска Митровица била надлетувана од хеликоптери на НАТО и ситуацијата се оценува како тензична, Ова е најсериозен судир меѓу косовските срби и мировниците од прогласувањето на косовската независност. Лицата кои се задржани во притвор се осомничени за насилен упад во судот на Обединетите Нации. УНИК соопшти дека биле уапсени 50 лица од кои 10 тина успеале да избегаат. Станува збор за работници кои со денови претестираа барајќи враќање на работните места и тие од петокот ја држеа зградата на судот под нивна контрола. Србите од северниот дел на Косово, како што е познато, не ја прифаќаат декларацијата за независност на Косово од Србија на 17 фебруари. Србите соопштија дека сакаат да воспостават сопствен суд во Косовска Митровица.
XS
SM
MD
LG