Достапни линкови

Македонија да ги следи американските укажувања за компромис, укажуваат аналитичарите


Во Виена денеска разговори меѓу медијаторот Метју Нимиц и македонскиот и грчкиот преговач Никола Димитров и Адамантиос Василакис. Претставници на македонскиот државен врв велат дека ќе се почека да се види што ке биде понудено на неа. Во зависност од тоа дали ќе има нов документ, дали ке се предложи некоја динамика за преговорите македонскиот државен врв ќе изгради став по средбата.
Со оглед на тоа што на последната средба на државниот врв, Димитров не доби нови конструкции тој ке настапи со двојната формула, велат дипломатски извори кои додаваат дека му оставаат мал маневарски простор кој е ограничен од грчката позиција - сложено име со географска одредница.

Во меѓувреме продолжува притисокот за изнаогање компромис од кој ке зависи и тоа дали Македонија ке добие покана за НАТО. Во овој контекст аналтичарите во земјава сметаат дека Македонија треба да ги следи американските укажувања за постигнување компромис и објаснуваат зошто

„За тоа како фунционира меѓународното општество, какви неправди има таму и за помалите земји се остава само мал простор во којшто може да се изразат тие самите.“
„Треба да се има предвид опкружувањето во кое се наоѓа Македонија. Ние имаме проблем со Србија околу црквата, проблем со Бугарија околу јазикот, проблем со Грција кој веќе стана агенда на ЕУ. Што ни преостанува? Во вакви околности, секој одговорен политичар би размислувал за Алијансата, НАТО, на чело со САД. Компромисот е неминовен,“


изјавија Денко Малевски од Правниот факултет во Скопје и Имер Исмаили од Штуловиот Универзитет.

За тоа што може да се случи ако не се постигне компромис и ако се остави впечаток дека Македонија не направила се во таа насока, Исмаили вели

„Ќе останеме сами, без никаква заштита од никого. Европа има доста свои проблеми внатрешни. Македонија не може да се ослони на помошта од ЕУ, нема друг излез освен Македонија да се приклучи кон идејата на САД.“

Дека Македонија ке остане без својот најголем лобист Соединетите држави смета и професор Малевски:

„Тоа завршува, таа фаза ќе заврши и ќе почне нова фаза во којашто ќе се соочиме повторно со истите проблеми. Можно е и да загубиме некои од пријателите што ги имаме сега.“
XS
SM
MD
LG