Достапни линкови

Гердец: Најмалку десет загинати и 300 повредени во експлозијата на воен магацин во Албанија


Во местото Гердец во близина на Тирана каде што во саботата имаше голема експлозија во воен магацин вчера доцна попладене е регстрирана нова експлозија, со помал интензитет во која нема повредени –јавија агенциите. Според досегашните податоци во трагедијата загинале најмалку девет лица, а повредени се речиси 300 луге. Сеуште не се знае за судбината на 121 работник кои се наоѓале во магацинот во критичниот момент.
XS
SM
MD
LG