Достапни линкови

Скопје: Делегација на американскиот Конгрес во посета на Македонија


Делегација на Конгресот на САД, предводена од претставникот, Дејвид Прајс денеска треба да пристигне во посетата на Македонија.Членовите на делегацијата, како претставници на Комисијата на Конгресот на САД за помош на демократии ќе остварат средби со претседателот на Собранието, Љубиша Георгиевски, а ќе имаат средби и со претседателот Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски, заменикот премиер Имер Алиу, како и со министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски. Комисијата на Конгресот на САД за помош на демократии раководи со програма за партнерство помеѓу Конгресот на САД и Собранието на Република Македонија.
XS
SM
MD
LG