Достапни линкови

Дали САД ја загубија контролата врз својата финансиска ситуација?


Цената на нафтата ги урива рекордите досигнувајки над 110 долари за барел додека инвеститорите се вртат кон стоката како засолниште од падот на американскиот долар кој во однос на јапонскиот јен ја достигна најниската вредност во изминативе 12 години.

Цената на нафтата расте. Побарувачката во Соединетите Држави се намали, но расте во Кина и другите растечки економии. Истовремено инвеститорите сметајки дека цената на нафтата ке продолжи да расте и натаму забрзано купуваат. И сето тоа како во маѓепсан круг во кој главна причина е слабиот долар. Милтон Езрати пазарен стратег на водечката американска фирма за инвестициски менаџмент Лорд Абет објаснува.

„Нафтата и златото се стоки, глобални стоки, кои се плаќаат во долари. Кога доларот пага, расте цената на овие стоки како компензација. Тоа е едната работа која се случува. Другата работа е стравот дека Соединетите Држави ја загубија контролата врз својата финансиска ситуација. Мислам дека е тоа претерано, но стравот е тука и последиците се дека парите се прелеваат во злато, нафта и други вредности.“

Американската влада пак соопшти дека резервите на сирова нафта и гас се најголеми во последниве 15 години. Тие од почетокот на оваа година пораснале за 10 насто и се очекува натамошен раст. Меѓутоа, аналитичарите предупредуваат дека во ситуација кога Соединетите Држави се на работ на рецесија таквиот шпекулативен раст на резервите би можел да предизвика масовно банкротство. Неодамнешната акција на Американските федерални резреви, Европската Централна банка и Англиската Банка за надминување на кредитната криза со недвижностите на американскиот пазар засега не дава резулатати. Се верува дека со тоа ке се намали притисокот врз Федералните резреви за натамошно намалување на каматните стапки чија цел е со поефтини пари да се даде залет на американската економија. Меѓутоа, од друга страна, помалите камати водат кон натамошен пад на доларот и ја потикнуваат инфлацијата. Државниот секретар на Федералните резреви Хенри Паулсон.

„Верувам дека силниот долар е наш национален интерес и во интерес на нашата економија. Како и се друго, и тој има растежи и падови, но нашите долгорочни основи се силни и јас верувам дека тоа ќе се рефлектира на пазарот со пари.“

На пазарот всушност и натаму владее претпазливост, бидејки нема знаци за пресврт во американската економија кои би покажале дека веке не и се заканува рецесија.
XS
SM
MD
LG