Достапни линкови

Чиле: Русија покажала заинтересираност за соработка околу анти ракетниот штит, изјави Кондолиза Рајс


Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс изјави дека Русија покажала заинтересираност за соработка во процесот на изградба на американскиот антиракетен штит во Европа, но оти се уште е против тоа. Рајс ова го изјави за време на посетата на Чиле. Таа во идната недела заедно со секретарот за одбрана Роберт Гејтс ќе отпатува за Москва каде што ќе разговара за антиракетните планови на Вашингтон.
XS
SM
MD
LG