Достапни линкови

Лондон: Фајненшл Тајмс за спорот со името меѓу Грција и Македонија


Атина одбива да ја признае Македонија под нејзиното име, затоа што смета дека тоа да ги поттикне македонските претензии кон грчката провинција Македонија, пишува денеска Фајненшл тајмс. Според весникот, Грција треба да се откаже од овој пристап, бидејки опасноста од забуна меѓу Македонија и грчка Македонија е ништо во споредба со ризикот од нестабилност во Македонија. Особено е опасно што ова несогласување се разгори во момент кога Македонија, заедно со Хрватска и Албанија, се надева дека ќе влезе во НАТО. Сите овие факти, вклучувајќи ја и Владата која се соочува со распаѓање, и можноста од внатрешен етнички судир, ја покажуваат итната потреба од напредок на регионот кон Европската унија, пишува Фајненшл Тајмс.
XS
SM
MD
LG