Достапни линкови

logo-print

Брисел: Продолжува самитот на лидерите на ЕУ


Лидерите на Европската Унија денеска го продолжуваат пролетниот самит во Брисел на кој се очекува во врска со климатските промени да се согласат за временска рамка за акција која треба да им овозможи основа за глобалните преговори следната година. Словенечкиот премиер Јанез Јанша изјави и дека лидерите се согласиле да ја прифатат либерализацијата на енергетскиот пазар во Јуни и пакетот мерки за борба против глобалното затоплување и за промоција на зелената енергија во Декември. Целта е намалување на емисијата на јаглерод диоксидот за 20 насто до 2020 година и зголемено искористување на енергијата од ветер, сонце и други еколошки енергии. Лидерите го одбрија и проектот Средоземна Унија – предложен од Франција со кој се предвидува поголема соработка на Унија со земјите на Магребот и Медитеранскиот брег.
XS
SM
MD
LG