Достапни линкови

Околу неоткажувањето на идентитетот се единствени, а за натаму треба да се изјаснат велат експертитe


За прв пат јавно претседателот Бранко Црвенковски излезе со став дека доколку се најде придавка која нема да го сруши националниот иденетитт во врска со спорот со името, Македонија може да влезе во НАТО. Во исто време премиерот Никола Груевски од Брисел по средбата со грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани соопшти дека на средбата нема поместување на ставовите, и како што речениту како што рече имало флексибилност од грчка страна. За изјавите на државниот врв експертите со толкување:

„Нема разлика. Дадоа изјави кои што се однесуваат на две различни работи. Значи претседателот Црвенковски кажа дека доколку придавката не го нарушува националниот идентитет, а го дообјаснува политичкиот систем на пример Демократска или Независна, тоа би било во ред. Додека Груевски кажа дека за име кое што е поврзано со националниот идентитет нема промена, значи меѓу двајцата нема против речности до тука. Но, сега дали едниот е подготвен за придавка Демократска, а другиот не, тоа неможеме да знаеме.“

„Тука се единствени во ставот дека протоколите, членовите, во оние точки и параграфи што ги има, значат посегање по националниот идентитет.“


Сметаат професорот од Правниот факултет Владо Поповски и Димитар Мирчев од Факултетот за општествени науки. Според Поповски во евентулана придавка за името која не би го нарушила националниот идентитет нема ништо лошо:

„Претседателот смета дека со некоја од овие придавки е можно да се реши проблемот. На некој начин како да дава индикации, како тој да е согласен, а некој друг да не е согласен. Ако е тоа точно, тогаш тој став на Црвенковски, е прифатлив.“

Треба да се процени која е црвената линија преку која не би можеле да преминеме, а тоа е откажување од националниот идентитет, посочува професорот по меѓународно право Васил Тупурковски кој додава:

„Се разбира за нив е проблем што никогаш не се објаснило, што е суштината на името. Суштината на нашето име не е во уставното име. Уставното име ако е суштина тогаш тоа значи дека ние со уставни промени, секогаш и можеме да го модифицираме, како самостојна одлука. Суштината е во историската конотација Македонија, што денеска не под знак прашање.“

вели Тупурковски. Според најавите во понеделник во Виена треба да продолжат македонско-грчките преговори за името со посредство на медијаторот Метју Нимиц.
XS
SM
MD
LG