Достапни линкови

logo-print

Анкара: Турскиот синдикат повикува на штрајк поради социјалните реформи


Најголемите турски синдикати повикаа на двочасовен штрајк денеска поради планираните реформи во социјалната сфера, кои според нив, ги загрозува правата на вработените. Реформите што ги планира турската Влада се поддржани од Меѓународниот монетарен фонд. Од Конфедерацијата на турските синдикати тврдат дека ако реформите стапат на сила, работниците нема да можат да се пензионираат пред 65-годишна возраст, а пензиите можат да се намалат. Сега возраста за пензионирање за жените во Турција е 58, а за мажите 60 години.
XS
SM
MD
LG