Достапни линкови

logo-print

Скопје: НАТО амбасадорите на Франција, Холандија и Данска во посета на Македонија


Амбасадорите на Франција, Холандија и Данска во НАТО денеска според најавите ке престојуваат во работна посета на Македонија. Тема на разговорите, како што соопшти МНР, ќе биде унапредување на соработката меѓу земјите членки и очекуваната покана за влез на Република Македонија во НАТО. Во рамки на посетата, предвидено е амбасадорите да се сретнат со претставниците на државниот врв, како и со шефот на делегацијата на Република Македонија во Парламентарното Собрание на Алијансата, Бесим Догани и со претседателите на собраниските комисии за одбрана и безбедност и за надворешна политика, Влатко Ѓорчев и Флора Кадриу.
XS
SM
MD
LG