Достапни линкови

Станува збор за многу ризичен потег, смета стручната јавност


Експертите ден по одлуката на ДПА резервирани околу причинита за излегувањето од власта. Според професорката од правниот факѕултет Татјана Каракамишева оваа состојба е принудно настаната:

„Очигледно е дека се работи за сценарио во кое што се работи и за одрени политички поени, тактики од страна на ДПА.“

Во оваа ситуација излегувањето на ДПА од власта е многу ризичен потег - смета професорот од Штуловиот универзитет Јетон Шасивари.

„Коалиционите партнери ако неможат да најдат заеднички јазик за решавање на виталните прашања, сето тоа се одразува негативно за државата. Неможам да тврдам дека има некои задни сценацијра во сето ова.“

Шасивари вели дека и по оваа владина криза сеуште е оптимист за влезот во НАТО, но додава дека за секој поинаков исход внатрешниот политички фактор ќе сноси сериозна одговорност:

„Овие препукувања во владината коалиција треба да немаат одраз врз овие процеси како што се НАТО и европските процеси.“

Дали некој токму во овие моменти работи на намалување на шанците за нашиот влез Каракмишева вели

„Јас несакам да верувам дека тоа е така, значи сите сили кои што работат против Македонија сакам да ги победиме. Мислам дека во овој период треба да се најдат сили кои што ќе бидат конструктивни.“

И додека Каракамишева повикува на обезбедување на подршка за владините проекти само во Парламентот, Шасивари оценува дека
овој потег води кон формирање на влада на широка коалиција во која ке влезат четирите најголеми партии:

„И најверојатно преземање на одговорноста од страна на сите политички партии за излегување на Македонија од оваа криза со името и НАТО.“

објаснува Шасивари.
XS
SM
MD
LG