Достапни линкови

Атина: Дора Бакојани на 20-ти март ќе ја посети Тирана


Министерот за надворешни работи на Грција Дора Бакојани на дваесетти март ќе престојува во еднодневна посета на Тирана, јавуваат агенциите, додавајќи дека таа ќе биде примена од највисокото албанско државно раководство и оти тема на разговорите ќе бидат Косово и случувањата во регионот. Бакојани посета на Тирана најави во мај минатата година, но од непознати причини ја откажа. По нејзина сугестија посетата на Албанија лани ја откажа и грчкиот претседател.
XS
SM
MD
LG