Достапни линкови

Кабул: Шест цивили загинале во самоубиствен напад


Најмалку шест цивили загинале во денешниот самоубиствен напад во близина на аеродромот во главниот град на Авганистан, Кабул. Бомбашот, како што се наведува, го извел нападот кога аеродромот бил најпрометен. Во меѓувреме, властите во Кандахар соопштија дека во акција на меѓународните и авганистанските сили во тој регион убиле над четириесет талибанци. Прецизирано е дека борбите траеле неколку часа.
XS
SM
MD
LG