Достапни линкови

Пред самитот на НАТО владеачката коалиција мора да демонстрира лидерство


По синоќешната одлука на претседателството на ДПА партијата да излезе од владината коалиција на помалку од дваесеттина дена пред НАТО самитот на кој Македонија очекува дека ке добие покана, но за што има и сериозна закана од Грција за блокирање на овој процес, претставниците на мегународната заедница само со апел за единство. Амбасадата на Соединетите држави ги повикува политичките лидери да ја сконцентрираат енергијата за влез во Алијансата во овој како што оценуваат критичен момент. Од европската мисија во земјава велат - Европската унија ги охрабрува политичките партии од владината коалиција да продолжат да работат обединето, ова е момент кога владеачката коалиција мора да демонстрира лидерство со цел да го гарантира неопходното остварување на стандардите. Но, тие не одат понатаму и не ја коментираат новонастанатата ситуација излегување на ДПА од владата што треба само да се потврди на денешниот состанок на Централниот одбор, по вчерашното зелено светло од претседателството на партијата. Велат за тоа треба да се почека и да се види дали и кога ДПА ке излезе од владата по што ке се излезе со став за таквата евентуална ситуација. Тие коментари ќе следат по формалните одлуки.
И од мисијата на ОБСЕ со речиси ист став:

„ОБСЕ е набљудувачка мисија во земјава и не се вклучуваме во внатрешните работи и во тоа која партија со кого коалицира и е во влада, во контекст на вчерашните најавина ДПА треба да се следи ситуацијата и да ја почекаме конечнтата, формална одлука.“

Изјави Сали Браутон од мисијата на оваа мегународна организација.Мегународните претставници со оглед на фактот дека такви одлуки во моментов нема, не говорат ниту за натамошниот развој или што би било најдобро и на кој начин Македонија да се консолидира пред самитот на алијансата. Најавaта за излегувањео од владата на ДПА следеше по вчерашните средби на лидерот на партијата Мендух Тачи со претставниците на мегународната заедница во земјава, американската амбадасорка Џилиен Милованович и амбасаорот на Европската унија во земјава Ерван Фуере.
XS
SM
MD
LG