Достапни линкови

logo-print

Во Владата и натаму без коментар, а опозицијата смета дека не е време за предвремени избори


Денеска попладне и највисокиот орган на Демократската партија на албанците Централниот одбор се очекува да ја потврди вчера донесената одлука на претседателството на партијата за напуштање на владината коалиција.
Со излегувањето на ДПА, Владата останува без пет министри кои доаѓаа од оваа партија, а владечаката коалиција во Собранието предводена од ВМРО ДПМНЕ која има 40 пратеници, без 11-те пратениците од ДПА веќе го нема потребното мнозиниство од 61 пратени. Во владата и денеска без коментар. Портпаролот Ивица Боцевски вели:

„Премиерот денеска си е во Брисел. Владата си има програма за работа и единствениот фокус е тоа да го прави.“

Широка коалиција или предвремени избори, што ја очекува Македонија како решение за владината криза на само две недели пред самитот на НАТО? Збунетост и меѓу помалите коалициони партнери во владата, Либералната партија и НСДП:

„Значи владата ни е малцинска од денеска, од ова нивно излегување. Сега треба да излезе со идеи претседателот на Владата, и тоа што поскоро, итно треба да излезе со идеи.“

„Да владата е во криза. Сега треба точно да прецизира ДПА која има пет ресорни министри, дали веднаш излегуваат од владата или ќе направат некој компромис до самитот и потоа.“


Изјавуваат Стојан Андов и Иван Анастасовски. Опозционата СДСМ пак обвини за несериозност. Лидерот на СДСМ Радмила Шеќеринска на став:

„Двоецот Груевски-Тачи веќе подолго време покажува дека не ја води политиката во Македонија како што треба.“


изјавува Шеќеринска. Како и да е се движиме кон предвремени избори, вели Роза Топузовска Каровска од ЛДП, но таа посочува дека би било погрешно сега пред самитот на НАТО да се распишат избори. Топузовска истакнува дека можеби најдобро е формирање на широка коалиција која би траела подолго:

„Можеби едно од решенијата, не велам дека е најдобро, но едно од решенијата е широка коалиција до добивање на датум за преговори со ЕУ, па потоа на избори, но сето тоа е договор на лидерите и дали ќе се има воља за тоа.„

Иако лидерот на ДПА Мендух Тачи упати порака до премиерот Груевски и опзиционата ДУИ да направат заедничка влада и ги повика да го обелоденат договорот, и покрај прозивката, во ДУИ околу нивниот евентуален влез во владата официјално не коментираат:

„Па ДУИ утре ќе има Централно претседателство на кое ќе бидат анализирани состојбите во државата.“

Вели Рафиз Алити од оваа партија.
XS
SM
MD
LG