Достапни линкови

Високата цена на нафтата и сушата според земјоделците се причини за поскапувањата


Иако земјоделска земја сепак поскапувањата на цените не ги одминаа ниту земјоделските производи. Додека деновиве зеленчукот и овошјето постигнуваат повисоки цени на пазарите, земјоделците уверуваат дека цените и не се толку високи со оглед на тоа дека се соочуваат со рекордно високи цени на нафтата што им ги зголемува трошоците, едвај велат се справуваат и со високите цени на репроматеријалите, а дополнително се жалат дека ги погодува и сушата:

„Сушата што беше, тоа предизвика поскапување, бидејќи нема во доволни количини, а и нафтата се покачи на 63 денари.“

„Нафтата е скапа, препаратите, вештачкото ѓубриво, неможеш да ги покриеш трошоците.“

„Се што работи, работи со бензин или со нафта. На тракторот илјада денари нафта треба да ставиш, а неможеш да го извадиш и трошокот да го покриеш, а не шесто члено семејство да преживее.“


велат земјоделците. Работиме со минимум заработувачка, додека трошоците на производство стануваат се поскапи, а зависни сме и од увоз на суровини кои на светските пазари достигнуваат високи цени, посочува Драги Мицковски од Здружението на земјоделци. Иако владата додели субвенции за земјоделието, ефектите не се чувствуваат. Мицковски изјавува дека проблемот е во неедуцираноста на земјоделците кои не знаат да ги искористат субвенциите:

„Се плашат да инвестираат, велат има давачки кон државата, им е страв. Инаку, субвенциите што се даваат во земјоделието, тоа е добродојдено, но сеуште е почеток.“

И граѓаните се жалат дека освен веќе поскапените цени на брашното, лебот, маслото за јадење и месото, плаќаат повисоки цени и за зеленчукот.

„Дали е нивно намерно поскапување или е во врска со инфлацијата, нешто е поврзано.“

„Се е поскапено. Досега можеше со околу 600-700 денари да пазарите, а сега без илјада денари неможе ништо да купите.“

„Се одразува на домашниот буџет, но се зависи кој колку прима. Доколку имаш ниски примања, многу тешко.“


Според последните податоци на Заводот за статистика трошоците за живеење во јануари годинава споредено со истиот месец минатата година бележи пораст од рекордни 8,7 отсто поради што инфлацијата се искачи на околу 9%.
XS
SM
MD
LG