Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: САД ја повикаа Србија да престане со напорите за преземање на контролата врз Косово


Соединетите Држави и Велика Британија ја повикаа Србија да ги прекине напорите за повторно превземање на контролата врз Косово и да ја прифати реалноста дека тоа е сега независна држава. Американскиот амбасадор во Обединетите Нации, Залмај Кализад, изјави дека меѓународната заедница ја почитува Србија, но оти оние што мислат дека косовската независност може да се врати назад, се во заблуда. Шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ побара да не се признава Косово, но нагласи дека Србија нема намера да воведува ембарго, ниту пак воено да интервенира.
XS
SM
MD
LG