Достапни линкови

Брисел: Државите од Западен Балкан не би смееле меѓусебно да се попречуваат во патот до ЕУ


Словенечкиот министер за надворешни работи Димитриј Рупел, изјави во Брисел дека државите од Западен Балкан не би смееле меѓусебно да се попречуваат во доближувањето до Европската Унија. ,,Притоа мислам на погрешните дилеми кои се појавуваат во медиумите од типот: - ако мораме да избираме меѓу Европската Унија и Косово, ќе го избереме Косово, ако избираме меѓу членството во НАТО и името, ќе го избереме името, изјави Рупел, додавајки дека таквиот избор е непотребен и погрешен.
XS
SM
MD
LG