Достапни линкови

Дел од експертите велат дека предвидувањата се нереални, а дел препознаваат можни условувања


Доколку Албанија влезе во НАТО на самитот во Букурешт, а Македонија не поради грчкото вето, тоа би бил лош развој на настаните за земјава оценува во својата анализа светскиот центар за стратешки истражувања Стратфор. Според центарот во тој случај Македонија би добила уште еден сосед член на Алијансaта кој што во иднина би ја уценувал со своите барања. Домашните аналитичари пак со различни прогнози. Според Алберт Муслиу ваквите предвидувања се нереални:

„Од сите соседи од осомастојувањето, Македонија немаше никаков отворен проблем само со Албанија. За мене е најлоша варијанта никој да не добие покана, а најдобро е сите три држави да добијат покана.“

Муслиу очекува двете соседни земји и во иднина да немаат мегусебни проблеми кои би довеле до таков развој на настаните:

„Не гледам некое отворено прашање меѓу Македонија и Албанија, да биде толку тешко за Албанија да ја условува Македонија за приемот во НАТО.“

Со сосема спротивно мислење е поранешниот миниетр за надворешни работи Слободан Чашуле. За разлика од Муслиу, тој и во Албанија препознава како што вели ретроградни процеси кои во случај на таков развој на настаните би довеле до условување и од нивна страна.

„Едното е платформата на Албанската Академија која се потпира врз призренската лига, која заговара Голема Албанција. Другата е целосно завладување врз основа на внатрешен притисок, комбиниран со уцени од надвор, Македонија да се претвори во нивната размисла, ние би биле Швајцарија значи конфедерација на кантони.“

вели Чашуле и додава дека тогаш притисокот врз земјава би бил многу голем, а Македонија тоа тешко би го поднела бидејќи како што вели и сега не се справуваме лесно со притисоците кои што догаат од Грција и Бугарија:

„Тоа е последица на нашата безориентираност, отсуство на државна стратегија, и еклатантно политичко неединство додека овие работи ни се случуваат. Ете гледате ние не знаеме дали имаме влада, или таа вечерва ќе падне.“

Инаку по заканата за грчко вето поради спорот со името деновиве и бугарските власти неколку пати потенциираа дека еден од условите за членство во НАТО се доброседките односи, а Македонија треба да ги затвори сите отворени прашања.
XS
SM
MD
LG