Достапни линкови

logo-print

Недостасува поддршка од државата, се жалат градежниците


Иако македонските градежници важат за едни од најдобрите мајстори во Eвропа, веке подолг период не добиле понуда за работа во странство,вели Силјан Мицевски директор на една поголема градежна фирма.Причината според него е зголемувањето на невработеноста во европските земји.

„Ги нема договорите за праќање работници во Германија кои обично ги потпишуваат владите, така што, веројатно се притиснати од нивната невработеност,“

вели Мицевси и додава дека засега Црна Гора е најпосакуваната дестинација за работа на македонските градежни фирми,бидејки како што објаснува тој,во ова земја нема доволно мајстори.

„Не е поефтина работната рака, таму ги носат од Босна, Македонија и други места. Нема многу Црно Горци градежни работници, а има интензивна градба, фактички има развиени инвестиции и недостиг на работна рака.“

Помалите градежни фирми пак се со спротивно мислење.Аливеби Јаха и Сеим Селмани велат дека оние фирми кои се блиски до партиите секогаш добиваат понуди за работа во странство,но и дека тие не добиваат никаква помош од Владата.

„Ние нема шанси како приватна фирма да конкурираме некаде кога се знае дека сите фирми се блиски до партиите.“

Санде Атанасовски Декан на Градежниот факултет во Скопје смета дека македонските градежни фирми се ангажирани за работа во странсво,но не како пред десетина години.Тој посочува дека доколку на фирмите им се намалат давачките од страна на државата,тогаш тие ќе бидат поконкурентни на пазарот.

„Порано беа многу повеќе ангажирани, особено во арапскиот свет, ни ни треба и поголема помош од државата, гаранции, олеснувања и ослободување од одредени давачки.“

вели Атанасовски и додава дека состојбата на градежните фирми во соседните земји е слична како и кај нас.

„Оние гиганти веќе не се веќе тоа што беа, на пример, Мостоградба од Белград кој беше гигант од светски рамки е пред распаѓање.“
XS
SM
MD
LG