Достапни линкови

Хаг: Почнува судскиот процес против Готовина


Во Хашкиот трибунал денеска почннува судскиот процес против хрватскиот генерал Анте Готовина, кој заедно со Иван Чермак и Младен Маркач, е обвинет за воени злосторства во операцијата Бура. Станува збор за обвинение за злосторства извршени за време на хрватската воена офанзива во 1995 година, при што околу 150 српски цивили беа убиени а околу 200.000 Срби беа принудени да ја напуштат Хрватска. Одбраната на тројцата притворени хрватски генерали вчера ги отфрли обвиненијата.
XS
SM
MD
LG