Достапни линкови

Денеска седница на Советот за безбедност на ОН за Косово


Советот за безбедност на Обединетите Нации на инцијатива на Русија денеска ќе оддржи седница посветена на Косово. Европската Унија пак по синоќешниот состанок на шефовите на дипломатиите во Брисел изјави дека е неопходно Унијата со Србија да има дијалог и политички однос со цел да ги поддржи демократските и паневропски сили по најавата за вонредни избори на 11 Мај.

Американската и британската страна, според дипломатски извори, изразиле сомневање во неопходноста на оваа седница и предвидениот нaстап на српскиот министер Вук Јеремиќ пред Советот за безбедност на обединетите Нации. Рускиот амбасадор Виталиј Чуркин, кој овој месец претседава со Советот, од своја страна, изјави дека во регионот била променета ситуацијата по самопрогласената независност на Косово и дека таа во многу аспекти се развивала погрешно поради што е потребно да се разговара во Советот за безбедност. Пред да замине во Њујорк, Јеремиќ изјави дека Косово досега е признато како независна држава од многу помалку земји, од очекуваното, додавајќи дека тврдењата на косовските Албанци дека независноста ќе биде призната од 100 држави, немало да се остварат. Во Брисел пак синоќа се одржа
состанокот на шефовите на дипломатиите на Европската Унија.
Била изразена свесност дека ситуацијата е нестабилна во Србија пред вонредните избори, како и на Косово, пред се во северниот дел.

„Ние многу би сакале да ја видиме Србија поблиску до Европската Унија и се надеваме дека овие избори ќе бидат во таа насока. Ние ке понудиме што е можно поголемо проширување на односите со цел Србија да се приближи до Европската Унија.“

изјави евро комесарот за надворешна политика и безбедност Хавиер Солана. Во дискусијата во Советот на министри на Европската Унија е постигната генерална согласност за европски пристап, без разлика на различните сензибилитети кои се одразени и во одлуката на 16 земји на ЕУ да ја признаат независноста на Косово. Евро комесарот за проширување Оли Рен

„Сега Србија е пред клучниот избор. Може да и се врати на Европската иднина или да ризикува изолација. Првата опција ја води земјата кон стабилност, поголеми слободи и просперитет заедно со другите земји во регионот. Втората опција, според мене, не води никаде.“

Иако сите партии во Србија со одобрување ја дочекаа одлуката на српската влада за вонредни избори како резултат на распадот на владината коалиција поради Косовското прашање и патот кон Унијата, тоа според аналитичарите во Србија, не го намали стравот дека од состојба на криза се влегува во длабока политичка и економска нестабилност.
XS
SM
MD
LG