Достапни линкови

Стручната јавност со поделени ставови дали во ваков период е можна нестабилност


Македонија има недефинирана граница со Косово, а поканата за влез во НАТО не е осигурна поради спорот со името со Грција. Во Србија пак владата е во оставка, а Република Српска бара можност за самоопределување по примерот на Косово. Регион кој се наога во ваква состојба, според професорот Назми Малики може да продуцира краткорочна нестабилност, но во однос на Македонија вели тој, би требало да бидеме поспокојни бидејќи нашите отворени прашања не се од безбедносен карактер:

„Во однос на нестабилност неможат да се посочат овие разговори со Грција, бидејќи тука има легитимитет на една рамка меѓу Македонија и Грција, а во односот на Македонија и Косово, тука според документот на Ахтисари нема некои недоразбирања бидејќи ќе дојде денот кога ќе се отвори ова прашање.“

Малики вели дека речиси е убеден дека ќе влеземе во НАТО, но и доколу тоа не се случи тој е оптимист за безбедноста на земјава:

„Така сигурно ќе се развива некоја поуспешна и посмислена стратегија која секако ќе биде во тесна соработка со САД, ЕУ и НАТО.“

Професорот Владимир Пивоваров со поинакви ставови. Доколку Македонија не стане членка на Алијаната ке стане плодна почва за сите негативни влијанија во регионов да се рефлектираат и кај нас, смета тој:

„Сите влијанија од надвор дури тогаш ќе бидат како една лавина, ќе бидат погоропадни, ќе бидат позголемени и ќе преставуваат поголема закана. Затоа единствено најдобро решение, најдобар потег за Македонија ќе биде нашето зачленување во НАТО и тогаш сите овие прашања веќе ќе ја изгубат силината што ја имаат во овој момент.“

Таков развој на настаните би ја проблематизарал и демаркацијата на границата, но и односите со другите соседи што се чувствува и сега при заземањето на ставовите во однос на проблемот со името додава Пивоваров:

„Загрижува и фактот што од соседите и од исток и од запад, добиваме сигнали околу прашањето со Грција што значи дека тие веќе заземаат страна, што не е добро, бидејќи ги покажуваат повторно своите аспирации.“
XS
SM
MD
LG