Достапни линкови

За експертите се работи дневно-политичка игра за подобрување на рејтингот на ДПА


По средбата на премиерот Никола Груевски и коалицискиот партнер лидерот на ДПА Мендух Тачи, во владата денеска без коментар. Тачи останувањето во владата го условил со повеќе барања како ресоцијализирање на борците на ОНА, албанскиот јазик да биде официјален во земјава, брзо признавање на Косово, затворање на четирите хашки случаи што неодамна се вратија во Македонија, а кои според најавите денеска треба да бидат потврдени од партиските органи. Дека постојат разлики мегу коалициските партнери потврдуваат и во НСДП од каде укажуваат дека е неминовно разликите да се надминат:

„Претседателот на владата, г-динот Никола Груевски е најодговорен за ситуацијата во државата во моментот. Сепак е коректно да премиерот седне со партнерите во ваква ситуација и на некој начин да ги надминат разликите.“

Вели Иван Анастасовски.
Аналитичарите пак сметаат дека ова ситуација е резултат на дневно политичка игра, но се појавува и во моментов поради контекстот на настаните во земјава, како и во регионот. Тие укажуваат дека следејќи го дневно-политичкиот аспект се согледува дека партијата на Тачи има низок рејтинг, а веќе се говори за предвремени избори:

„Значи ова е веќе заземање на позиции, што и кај албанското гласачко тело би требало да остави впечаток на една решителна партија која ги брани и застапува албанските интереси и листата на барања што ја видовме од Мендух Тачи, доколку е автентична, дури преставува на извесен начин надминување на рамките на она што го пишува во мајскиот договор.“

Изјави Билјана Ванковска од Филозовскиот факултет. Според неа не може да се занемари и реагионалниот контекст:

„Досега зборуваме за еден регионален мозаик, не е исклучено дека двете албански партии иако навидум делуваат како раскарани, како опоненти и слично, да во даден момент почувствуваат дека е вистинско време за испорачување на некакви потрајни барања кои би имале одраз врз редефинирањето на внатрешниот поредок на Македонија.“

И сето ова се случува бидејќи се чини дека ова се моменти на одлука како за Македонија, така и за регионот. Вакво однесување, додава Ванковска, не би било случај само ако се говори за одговорни политички актери, кај кои националниот интерес би бил на преден план.
XS
SM
MD
LG