Достапни линкови

Амстердам: Американското внимание за името е од големо значење, рече министерот Антонио Милошоски


Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски кој е во посета на Холандија, денеска треба да се сретне со неговиот домаќин холандскиот министер за надворешни работи Максим Верхаген од кого очекува потврда на поддршката за членството на Македонија во НАТО. Во врска со најавите за вклучување на Соединетите Држави во разговорите за спорот со името, Милошоски нагласи дека американското внимание за овој билатерален проблем, за Македонија е од големо значење со цел како што рече, да се минимизираат какви било ризици што би го довело во прашање стратешкиот приоритет на НАТО во регионот, за консолидирање на стабилноста и проширување на Алијансата.
XS
SM
MD
LG