Достапни линкови

Работно искуство на учениците додека учат


„Кариерен развој на учениците“ е дел од проектот „Активности во средното училиште“ на Американската агенција за меѓународен развој УСАИД. Овие активности веке се спроведуваат во повеќе од 70 училишпта, се со цел да им се овозможи на учениците да се здобијат со работно искуство уште додека учат.

Скопското Хемиско средно училиште „Марија Kири Склодовска“ е едно од училиштата во кое се имплементира овој проект. Директорот на училиштето Трајче Атанасовски вели дека со помош на овој проект учениците се поврзани со неколку фирми каде ја извршуваат практичната настава.

„Тоа им помага да ги осознаат сите активности што се извршуваат во една фирма во текот на работниот ден. Исто така, преку теоријата им овозможуба да осознаат некои нејаснотии,“

вели Атанасовски и додава дека учениците се задоволни од искуството кое го стекнуваат за време на праксата.

„Учениците од тој аспект се доста задоволни, што може да резултира и кон вработување, веќе имаме најави од одредени фирми во летниот период да ги ангажираат учениците преку феријална пракса и потоа да ги нарадат со одреден паричен надоместок.“

Ѓорѓи Кушевски директор на компонентата за „Кариерен развој на учениците“ посочува дека засега се задоволни од имплементирањето на овој проект.

„До сега, многу повеќе се зборуваше за претприемачкиот дух којшто треба да се развие кај младите, но многу помалку се правеше. Ние всушност без да зборуваме многу околу важноста за претприемаштвтото им понудивме на учениците да работат директно во компании и работејќи да сфатат дали е тоа нешто што ги интересира и утре би сакале да го работат.“

Кушевски исто така вели дека дел од овој проект е и отварање на Центри за кариера кој ќе им овозможи на средношколците да научат како да бараат работа, да напишат CV и како да се подготват за интервју за работа.

„Знаеме дека во сите огласи за барање работа секаде се бара да се достави Си Ви, мотивацско писмо, се повикуваат учениците на интервју за работа. Така што и тие работи коишто навидум изгледаат едноставно може да бидат многу важни при селектирањето на кандидатите.“

Овој проект во Македонија се спроведува повеке од четири години во речиси сите Средни училишта низ земјава.
XS
SM
MD
LG