Достапни линкови

logo-print

Зголемен ангажман на САД за решавање на спорот?


По информациите што ги потврдуваат дипломатите дека процесот за прашањето за името во претстојниот период ке се одвива со зголемен ангажман на Соединетите држави од македонскиот државен врв без официјална потврда. Краток е периодот до самитот на НАТО во Букурешт и се очекува Стејт департментот да го претстави својот план во детали на надлежните во земјава што е можно поскоро. Ова додаваат дипломатите не значи дека медијаторот Метју Нимиц нема повеќе да биде вклучен во процесот, туку дека при евентуално решение до самитот тој формално ќе го достави решението на усвојување во Советот за безбедност на Обединетите нации. Се најавува дека работите од денеска треба да стануваат појасни. Сепак неофицијално се потврдува дека засега во земјава не се информирани за името на дипломатот кој ќе биде ангажиран, ниту за начинот на кој ќе се одвиваат разговорите, но велат мора да се почекаат информациите за евентуално да се говори за став на македонската страна или да разговараат претставниците на државниот врв иако ставот е веќе познат.

И покрај досегашното инсистирање и укажување дека е единствен ставот на претставниците на државниот врв, може да се увиди дека по доставување на предлогот на Нимиц на 19 февруари во Атина, македонските претставници излегоа со став дека за земјава прифатливи се две имиња од предлогот на медијаторот за кои може да се разговара Независна и Демокртаска Репуиблика Македонија. Тогаш беше укажано дека тие се основа за разговори и тоа за употреба во билатералните односи со Грција и во меѓународните организации каде членка е и нашиот јужен сосед. Но потоа во Њујорк каде преговорите не резултираа со било каков напредок, македонската стрнана настапи со двојната формула. На што се должи оваа промена и дали можеби претставниците на државниот врв се разликуваат во мислењата? Од надлежните без одговор на ова прашање.

Кога станува збор за тоа до каде може да оди македонската страна или која е црвената линија, без официјални информации повторно, накратко велат да се почека да се види како ке продолжи процесот. Диплоамти само толкуваат дека очигледно е дека македонија не може да прифати име кое содржи временска и географска одредница.
XS
SM
MD
LG