Достапни линкови

Различните ставови на Бугарија за членството на Македонија во НАТО е баланс за Грција


Државите членки на ЕУ водат сметка за избалансиран однос кој не може да се разликува од стратегијата на Унијата, оценува професорот Димитар Мирчев по различните изјави на претседателот на Бугарија и шефот на дипломатијата за македонското членство во НАТО. Според него, Софија се обидува да балансира меѓу ставовите на Македонија и на Грција.

Претседателот на бугарското парламент Пирински денеска на вториот ден од посетата на средби со неговиот колега Љубиша Георгиевски и шефот на државата Црвенсковски. Пред неговото доаѓање од официјална Софија стигнаа различни ставови во врска со нашиот влез во НАТО. По изјавта на претседателот Прванов дека го подржуваат нашето интегрирање министерот за надворешни работо Калфин рече дека Грција има право да бара решение за името во овој момент. Пратеничката од опозицината ЛДП Роза Топоузовака Каровска вели дека ситуација е деликатна и државниот врв на соседните земји треба да внимава и да дава усогласени изјави

„Се друго што не оди во таа насока ќе го сметаме за лицемерна поддршка којашто е само декларативна, а не оди во насока на градење на добрососедски односи.“

Од најголемата владеачка партија ВМРО ДПМНЕ не сакаа да кометираат зошто како што велат прашањето било многу суптилно. Бугарија секогаш не подржувала на меѓународен план и се надевам дека тоа така ќе остане и до самитот во Букурешт, вели Заменик претседателот на собрабието и член на НСДП Благој Зашов.

„Она што многу во последно време се зборува, добрососедските односи, зад кои се кријат сакале или не сакале да признаеме, некои интереси на нашите соседи кои ги знаеме од порано, а кои ќе избијат на површина тогаш кога ќе дојде време,“

вели Зашов коментирајки ја изјавата на Калфин во која тој ги споменува и добрососедските односи како услов.

Според универзитетскиот професор Мирчев ваквиот однос на сосдното државното раковосдтво не оди во насока на влошување на односите, туку Софија се обидува да балансира меѓу ставовите на Македонија и на Грција:

„Мислам дека државите членки на ЕУ водат сметка за избалансиран однос кој не може да се разликува од стратегијата на Унијата, но сигурно е дека имаат и свои интереси. Јас лично сметам дека интерес и на Бугарија е да се поддржи Македонија за влез во НАТО,“

објаснува Мирчев.
XS
SM
MD
LG