Достапни линкови

Брисел: ЕУ се надева на победа на проевропските сили на изборите во Србија


Европската Унија се надева на победа на проевропските сили на вонредните избори во Србија. Ова го изјавија еврокомесарот Хавиер Солана и шефот на словенечката дипломатија Димитриј Рупел при нивното денешно доаѓање во Брисел каде што се одржува состанок на министрите за надворешни работи на Унијата. На дневен ред е ситуацијата на Косово по прогласувањето независност, односно настојувањето на Унијата да ја размести својата полициска мисија на северот на Косово.
XS
SM
MD
LG