Достапни линкови

Белград: Премиерот на Србија Воислав Коштуница поднесе оставка


Премиерот на Србија Воислав Коштуница побара одржување предвремни парламентарни избори. Тој изјави дека владата на Србија не функционира и во понеделник ке му упати образложен предлог на претседателот на Србија да распише вонредни парламентарни избори на 11 ти мај. На вонредната пресс конференција Коштуница рече дека владата нема единствена политика за суштинското прашање, Косво во составот на Србија. -Ако владата нема единствена политика, не може ад функционира, тоа е крај и го вракаме мандатот на народот рече Коштуница.- Српскиот премиер најави дека владата на седница во понеделник ке утврди образложен предлог до претседателот на Србија да го распушти парламентот и да распише вонредни избори.
XS
SM
MD
LG