Достапни линкови

Високиот претставник на Стејт Департментот Даниел Фрид замина без коментар


По синоќешната посета на високиот претставник на Стејт департментот Даниел Фрид во земјава се проценува дека во наредниот период до самитот на Алијансата ќе продолжат интензивни дипломатски активности посебно од страна на Соединетите држави кои се најголеми македонски сојузници за зачленување на земјава во НАТО, а се очекува и повторна средба со преговарачите или посета на земјава од медијаторот Метју Нимиц. Фрид по средбите со претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски не сакаше да прецизира што им порачал по состанокот на НАТО на кој се потврди грчката најава за блокирање на македонското интегрирање. По средбата со претседателот Црвенковски на прашањето очекува ли било какви резултати Фрид само накратко рече се надевам, за по средбата со премиерот Груевски да додаде

„Немам што да кажам во овој момент.“

Претставниците на државниот врв кои се сретнаа со високиот американски претставник без детали за пораката со која тој дојде во земјава. Од владата накратко соопштуваат дека Фрид го запознал премиерот со расправата на состанокот на шефови на дипломатиите од НАТО земјите и дека е разговарано за текот за разговорите со Грција за спорот со името.

Фрид кој е креатор на признавањето на Македонија од страна на Соединетите држави под уставното име, дипломатски извори укажуваат дека ја истакнал пораката дека Америка сака да ја види земјава во Алијансата, но оти за тоа треба да се покажат било какви резултати. Токму тоа би бил аргумент за Америка да ја спречи Грција во нејзината намера да ја блокира македонската интеграција во НАТО.

Надлежните проценуваат дека се можни неколку ситуации, ако нема решение, на Грција да и се укаже да даде зелено светло за поканата врз основа на Времената спогодбата, за потоа во одреден временски период да се реши спорот и ако нема напредок до крај на месецов може да се случи Македонија да не биде на агендата на самитот во Букурешт закажан за 2 април. За поканата дипломатите додаваа дека има реални шанси, но само ако се работи повеке и реално. Тие проценуваат, ова е крајно критична ситуација за Македонија, очигледна е пораката, ако не се прават компромиси нема НАТО.
XS
SM
MD
LG