Достапни линкови

Минск: Белорусија побара од амбасадорот на САД да ја напушти земјата


Белорусија побара од американскиот амбасадор во Минск да ја напушти земјата и го отповика својот амбасадор од Вашингтон. Според соопштението од министерството за надворешни работи на Белорусија, ваквите мерки се превземени поради тоа што Вашингтон вовел санкции против белоруската државна петро-хемиска компанија. Белата Куќа оцени дека ваквиот потег ќе доведе до натамошна изолација на Белорусија од Европа, но оти засега, американскиот амбасадор ќе остане во Минск.
XS
SM
MD
LG