Достапни линкови

logo-print

Мора да се продолжи со процесот на преговори или ќе немаме аргументи да го спречиме грчкотото вето


Недонесувањето на одлука на вчерашниот состанок на НАТО за покани за земјите од јадранската група потврди дека не постои консензус во Алијансата поради грчата најава на средбата дека ке го искористи правото на вето за Македонија поради спорот со уставното име, велат дипломатски извори. Тие толкуваат дека оваа ситуација била очекувана. Сега проценуваат тие, во овој период мора да продолжи процесот на преговори со посредство на Метју Нимиц и ако тој не вроди со било каков плод, непосредно пред денот на самитот во Букурешт, најголемите македонски сојузници Соединетите држави ќе немаат аргументи да ја спречат Грција во намерата за вето. Тоа според дипломатите би можело да доведе до ситуација Македонија да ја нема на агендата на самитот на алијансата, бидејки оваа мегународна организација како и било која друга не сака да се доведе во ситуација да не се донесе некоја одлука поради вето. Состанокот на министрите за надворешни работи од земјите членки на НАТО покажува неизвесност за македонското интегрирање на НАТО, толкуваат надлежните во земјава.

„Вчерашниот состанок е доказ дека кандидатурата на Македонија реално во овој момент е крајно неизвесна. За прв пат во историјата на проширувањето на НАТО, на три недели пред Самитот е неизвесно дали една членка, во конкретниот случај Грција, ќе ја искористи можноста за вето.,,

Изјави поранешниот министер за одбрана, социјалдемократот Владо Бучковски.
И актуелниот потпретседател на Собранието Благој Зашов од владеачката нова социјалдемокртаска партија говори за неизвесноста во која влегува Македонија. Бидејки како што објаснува на овие состаноци секогаш се носеле ваквите одлуки, за потоа само да се потврдат на самитот, средба на шефовите на држави и влади:

„Одлука не е донесена на министерскиот совет, од едноставна причина што има членки кои не се согласуваат со приемот на некои земји кандидати. Тоа е случајот со Грција, поддржана од францускиот министер за Македонија.“

Вели Зашов.
За разлика од информациите во македонија дека Грција во намерата била поддржана од Франција на вчерашниот состанок, грчките медиуми јавуваат дека повекето земји од Алијансата биле согласни со грчката позиција.
XS
SM
MD
LG