Достапни линкови

Москва: Русија на барање на Србија ќе побара седница на Советот за безбедност за Косово


Русија, на барање на Србија, ќе свика седница на Советот за безбедност на Обединетите нации, посветена на Косово, во идниот вторник, соопштено е во Њујорк, откако вчера рускиот претставник во Светската организација, Виталиј Чуркин, се сретна со министерот за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ. Чуркин додаде дека испраќањето мисија на Европската Унија е „контрапродуктивно“, поради тоа што Резолуцијата дванаесет четириесет и четири се уште е во сила, а мисијата на Обединетите нации продолжува да да дејствува на Косово.
XS
SM
MD
LG