Достапни линкови

Ерусалим: Израелската полиција ги интензивира контролите по вчерашниот напад врз училиште


Израелската полиција ги интензивира контролите откако вчера еден вооружен палестинец отворил оган во едно верско училиште во Ерусалим при што осум ученици загинале, а десетина други биле повредени. Палестинецот веднаш бил убиен, а одговорноста за нападот ја презела една досега непозната милитантна група. Тоа беше прв самоубиствен напад во Ерусалим од јанураи два илјади и четвртата година. Израел соопшти дека нема да ги прекине мировните преговори со палестинскиот лидер Махмуд Абас кој го осуди вчерашниот напад.
XS
SM
MD
LG