Достапни линкови

Приштина: Фатмир Сејдиу ја отфрли можноста за влошување на односите меѓу Македонија и Косово


Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу вечерва отфрли било каква можност за влошување на односите меѓу Косово и Македонија, поради фактот што Македонија го условува признавањето на независноста на земјата со демаркацијата на границата. Прашањето околу обележувањето на границата во никој случај не може да ги комплицира односите меѓу Приштина и СкопјеКосово е целосно подготвено да влезе во процес на соработка и со меѓународната заедница за да ова прашање, кое ние го нарекуваме техничко, да биде завршено, и тоа ќе се случи на најдобар можен начин,изјави Сејдиу. Тој наведе дека „иако кај некого постои желба да се предизвикаат конфликти меѓу двете земји, инситуциите во Приштина и во Скопје немаат такви деструктивни цели“.
XS
SM
MD
LG